Како да го одберете вистинскиот парфем за поклон?

Се се случува многу бргу: нашите носни нерви директно се поврзани со чувствата. Од речиси 10 милиони носни клетки во носот, мирисот се спроведува во лимфниот состав во мозокот. Тој дел управува со емоциите. Но, мирисот не делува само на чувствата туку и на психата. Мирисите можат да разбудат сеќавања или силно да делуваат на расположението. Оттука ја разбираме ненадминливата, беспрекорно точна, изрека на Коко Шанел: „Парфемот е најзначајниот моден додаток, незаборавен, невидлив, оној кој го најавува твоето доаѓање и го одложува твоето заминување“.

Но, честопати се прашуваме дали парфемот што сме го одбрале е вистинскиот избор за нас или за саканата личност кому го подаруваме. За да не згрешиме, или да не мислиме дека сме згрешиле (најпосле, а кое шишенце нов, убав парфем останало празно?!) тргнуваме од основната претпоставка за познавање на личноста за која го купуваме поклонотот – каков карактер има таа личност, какви се нејзините вкусови, каква облека носи? Бидејќи секој парфем има свои карактеристики кои го дефинираат речиси на ист начин како што кројот и моделот ја дефинираат облеката.

26972_StockZoomed

Каква е личноста на која дарувате парфем судејќи според стилот? Спонтаните и неформални личности најчесто преферираат свежи и лесни парфеми, а тие содржат етерични масла од цитрусна кора – портокал, бергамот, лимон, мандарина и грејпфрут. Темпераментните и страствени личности ги сакаат топлите и сензуални парфеми со ориентална миризба добиена со мешавина на агруми, зачини, шумски дрвја, пачули и слатки ноти на ванила. Спортските и активни личности за себе би одбрале поприроден и енергичен парфем на база на темјанушка, здравец и ноти на миризба од искосена трева, додека  цветните парфеми се
најомилени и најпопуларни – со ноти на роза, тубероза, јасмин, крин и многу други цветови – па со нив ретко ќе згрешите.

И сега е веќе многу полесно да го одберете вистинскиот пoклон од нашата понуда на парфеми, нели? Сега вам ви е редот- да создадете од дарувањето силна емоција, предадена засекогаш во нечии „туѓи“ раце.30664_StockZoomed