Накит на работа: 3 парчиња накит што секоја жена треба да ги има

Многумина мислат дека работната канцеларија не е соодветен простор за да ја изразат својата индивидуалност и дека сите вработени треба да имаат сериозен и дистанциран изглед. Но, бонтонот всушност, воопшто не го забранува носењето на накит на работното место, а правилно одбраните парчиња накит може само да ви помогнат да го изградите посакуваниот имиџ, без да го оштетите вашиот углед. Доволно е да се познаваат правилата за етика во работната атмосфера и соодветно да ги почитувате. Канцеларискиот стил исклучува накит кој е премногу спектакуларен, но ништо не ве спречува да останете женствени и модерни дури и тогаш кога сте облечени во „паметен“ костум.  Сепак, ако не сакате да личите  на некои од оние жени кои изгледаат како накитена новогодишна елка поставена среде канцеларија, одберете накит кој „не боде очи“ за да не ги забавувате колегите со вашиот изглед.

 

Златно ланче. А која жена не го сака златното синџирче кое често во себе крие симболика и многу емоции. Уште подобро ако тоа златно синџирче е уникатен примерок. Слободно комбинирајте го со слични или исти, но мали обетки.

SM02JC031-SM02JC009

Прстен. Може да е голем, дури и може да биде гломазен, впечатлив речиси исто како скап часовник, само доколку е единствениот украс кој го носите на себе. Доволен е сам за себе, зашто знае да ја разбранува мистеријата и секако, љубопитството во работната атмсофера. Префинетиот златен прстен речиси секогаш крие љубов во себе. Или барем мисла, за уште сто години љубов.

 

Минималистичка алка Доколку Вашата работа бара користење на тастатура, многу е битно да се избере алка која нема да се судира со бирото и со самата тастатура. Затоа препорачуваме прилагодлива алка која лесно се адаптира на формата на злобот.

SM02JC001