11 парфеми за оваа сезона

Парфемот во студените денови треба да го чувствуваме на нас како некој што не прегрнува, не обвива, топол е, делува смирувачки, а сепак е многу упорен.

Парфемите погодни за зимскиот период се бездруго, оние кои содржат ноти на природни шуми, зачини и особено ванила, зашто таквите миризби создаваат чувство на удобност во студените денови, истовремено носејќи впечатлив мирис за нас и за оние околу нас. Ниските температури, ветерот, потребата да се покриеме со слоеви од облека, стимулираат потрага по миризби кои ни го загреваат пред се, срцето. Миризби кои оставаат трага, кои траат долго во текот на денот, кои се апсорбираат во шаловите, палтата, џемперите, јакните, но и во памучните пижами и свилените ноќници. Миризби кои ни носат сензуалност, но смирувачка, која ги буди сите сетила, но мрзеливо, како кога сме сеуште легнати во кревет, а го добиваме првиот бакнеж за добро утро.

spring-scents-2-1

Меѓу таквите мириси еден од највозбудливите е цветниот женски парфем Valentino Donna од луксузната модна марка Валентино, со ноти од бергамот, ирис, пачули, рози и ванила, спакуван во роматично розово шишенце. Од истата модна куќа, во 2016 година, беше лансиран и машкиот парфем Valentino Uomo Intense, замислен како млад италијански наследник чиј безвремен стил се должи токму на неговото наследство. И не напразно е опишан така, бидејќи претставува збогатена, харизматична и поинтензивна верзија на парфемот Valentino Uomo од 2014-та година. Додека срцето на постарата верзија е белата кожа, новата верзија носи интензивен мирис на црна кожа.

Дури три парфеми од Нина Ричи доминираат со својата софистицираност. Mademoiselle Ricci, дизајниран од познатиот нос Алберто Морилас, се отвора со ноти на дива роза и малина, а вторите ноти се олеандерот, мошусот, калибарот и темјанушката, кои создаваат единствена миризба наменета за гратскиот дух и активните жени. L’Extase Caresse de Roses, лансиран минатата година, инспириран од идејата на убавината на голото тело, ја носи пораката „ослободете ја вашата фантазија“. Композицијата на овој нежен и сензуален парфем е цветен букет од рози, темјанушка и божур, со допир на мошус. Третиот парфем, лансиран минатата година, Nina Ricci Luna, спакуван е во шишенце во форма на сино јаболко со златни ливчиња, а ја симболизира женската моќна, мистериозна страна. Парфемот е наменет за „романтичните современи принцези“ кои ги сакаат слатките ноти добиени со комбинација од егзотични цветови и овошје.

UOMO INTENSE EDP

Класичната жена нема да му одолее на популарниот евергрин од Жан Пол Готје, Intense. Станува збор за современо продолжение на мирисната приказна на парфемот од 1993 година, но и понатаму со сочуван идентитет и флорални карактеристики. Новата композиција е опишана како интензивна животна радост, со срцевина на цвет од портокал, роза и јасмин и со ноти на пачули и ванила.

 

Машкиот и женски парфем од Каролина Херера се непогрешлив избор, особено за оние кои ја преферираат елеганцијата. CH MEN PRIVE, во беспрекорно црно пакување со златни детаљи, е мирис со примамлива привлечност кој ја дефинира елеганцијата, лускузот и страста. Моќниот и истовремено сензуалниот Good Girl е совршен за шик-стилот, за дамите кои ја сакаат својата добра страна, а ја прославуваат својата лоша страна. Пакувањето е неодоливо – црна салонка со вртоглаво висока потпетица!

ch-good-girl-1024x869

 

За крај, но како шлаг врз колачот, се високорангираните парфеми на листата на најпродавани во светот, трите парфеми од Пако Рабан – женскиот Lady Million Prive и двете машки верзии One Million Prive и One Million Cologne. Парфемите кои многу бргу станаа популарни се инспирирани од екстраваганцијата на црвениот тепих, славата и гламурот.  Lady Million Prive, со срцевина од ванила и малина, од секоја жена ќе направи фасцинантна; центар на вниманието на сите настани. За машките пак, евергрини, доволно е само да спомнеме дека, за сега, ништо не може да ги симне од Топ 10 листата на најбарани парфеми за мажи. Но, и ние тука да замолчиме, како што вели страствениот глас во рекламата: „ Легендарниот мирис се задржува во воздухот. Прст на усните. Што беше тоа? Шшш … Молчењето е злато“.

perfume-1-one-million-100ml-paco-rabanne-original-22936-mlb20238828142_022015-f