Заборавена лозинка

Општи одредби

Политика на приватност

Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на Интернет страницата www.poklon.mk и кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на СИГМА Медиа Дооел Скопје.

СИГМА Медиа Дооел Скопје како давател на услугите на Интернет страницата www.poklon.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.

Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира СИГМА Медиа Дооел Скопје и како истите ги користи.

Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на податоците можат да испратат e-mail на следната адреса: support@poklon.mk

Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет сраница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на www.poklon.mk интернет страницата. Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа Изјава на приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи Интернет страницата www.poklon.mk

СИГМА Медиа Дооел Скопје може да ја промени оваа изјава на приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата на приватност на податоците во делот “Изјава на приватност„ на Интернет страницата. Измената на изјавата на приватност стапува на сила веднаш по објавата на Интернет страницата www.poklon.mk

Секој Краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Изјавата на приватност. Продолжување на користењето на оваа Интернет страница од страна на Крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека Крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата Изјава на приватност.

СИГМА Медиа Дооел Скопје собира информации кои што го идентификуваат специфичиот краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на www.polkon.mk интернет страницата, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, СИГМА Медиа Дооел Скопје може да побара од Крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презима, адреса (вклучувајќи и поштенски број), e-mail адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации. СИГМА Медиа Дооел Скопје или нивниот давател на услуги за диструбуција на производите, може исто така може да побара од Крајниот корисник увид во неговата лична карта, односно да побара согласност за скенирање на личната карта во моментот на испорака на пакетите при превземање на робата лично од страна на Крајниот корисник со цел да се евидентира кој го превземал пакетот т.е приложување на тој документ за Евиденција на купувачот на каталошната продажба.

Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако Крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.

СИГМА Медиа Дооел Скопје нема да ги споделува личните податоци на Крајниот корисник со надвoршни страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи.

СИГМА Медиа Дооел Скопје ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни e-mail пораки, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички. СИГМА Медиа Дооел Скопје може да ги сподели личните податоци на Крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и e-mail пораки.

Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги нуди СИГМА Медиа Дооел Скопје. Крајниот корисник може да промени било кој од своите лични податоци со испраќање на e-mail порака  на support@poklon.mk. Во таа e-mail порака Крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и e-mail адреса т.е информациите кои што сака да ги надополни.

Како услов за купување на производите на СИГМА Медиа Дооел Скопје, СИГМА Медиа Дооел Скопје бара дозвола од Крајниот корисник за испраќање на Административни и Промотивни e-mail пораки. Доколку Крајниот корисник не сака да добива e-mail пораки во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на e-mail пораки со испраќање на e-mail порака на support@poklon.mk или со одбирање на опцијата откажување од newsletter која што се наоѓа на секоја newsletter порака.

СИГМА Медиа Дооел Скопје сериозно ги зeма во предвид заштитата на податоците и превземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. Нажалост, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која бежична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако СИГМА Медиа Дооел Скопје спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од www.poklon.mk интернет страницата т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации.

Малолетните помлади од 14 години не смеат да ја користат Интернет страницата www.poklon.mk. СИГМА Медиа Дооел Скопје не прибира или задржува информации од било кого кој што е помлад од 14 години затоа ниту еден дел од оваа Интернет страница не е дизајниран на начин да привлече било кого кој што е помлад од 14 години.

Брза и безбедна испорака

За секоја направена нарачка постојат две опции за испорака.

Првата опција е бесплатна испорака до адресата која корисникот ја навел и се однесува на одредени производи јасно означени и истакнати и е независно дали пратката вклучува еден или повеќе производи. Испораката се врши преку партнер чија основна дејност е испорака на пратки и е во рок до 3 работни дена на целата територија на Република Македонија до секоја адреса и населено место.

Втората опција е да се плаќа еднократен износ од максимум 199 ден. независно дали нарачката вклучува еден или повеќе производи и се испорачува преку партнер чија основна дејност е испорака на пратки и е во рок до 24 часа од моментот на нарачката доколку истата е направена до 14.00h во текот на работниот ден.

Пратките се доставуваат до влезот на станбениот објект од наведената адреса. Во недела и празниците доставната служба не испорачува.

Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштететни. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Сите пратки се осигурани од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број 023133434 или преку email: support@poklon.mk

Доколку ви се потребни информации за статусот на пратката и терминот за нејзиното доставување, можете да ја контактирате директно и доставната служба Пост Експрес Македонија, тел. 02/3125553 или 072/279-233,

Политика за рефундирање

СИГМА Медиа Дооел Скопје (www.poklon.mk) работи само со внимателно селектирани партнери, кои се целосно во согласност со нашите интерно пропишани стандарди за задоволување на нивото на квалитет кое се обврзуваме да биде испорачано на нашите корисници.

Односот со партнерите и третманот кон нашите корисници и испорака на услугите и производите кои ги промовираме на нашата веб стана е во наша комплетна надлежност, контрола и гаранција.

Корисниците на услугите и производите на СИГМА Медиа Дооел Скопје (www.poklon.mk) ги имаат сите права пропишани од Законот за заштита на потрошувачите.

Истовремено СИГМА Медиа Дооел Скопје (www.poklon.mk) ги прима и третира информациите, поплаките и рекламациите од корисниците за сите евентуални проблеми поврзани со испорака или недостатоци на производите или услугите кои се нудат на нашиот веб сајт, силно се залага за нивно разрешување, надокнадување, надминување или рефундирање.

За почитување на рекламираната услуга или производ согласно рекламираните услови одговорен е исклучиво www.poklon.mk и СИГМА Медиа Дооел Скопје.

СИГМА Медиа Дооел Скопје (www.poklon.mk) се обврзува да ја разгледа секоја информација, поплака, рекламација, поплака на корисниците (која ќе биде добиена на support@poklon.mk) и секаде каде што ќе идентификува отстапка или тоа ќе биде побарано од корисниците се обврзува да реагира согласно Закон за заштита на потрошувачи и интерни политика за квалитет, што вклучува замена, сервис, поврат на средства и др. Средствата кои се рефундираат се уплаќаат на трансакциска сметка на купувачот во домашна банка, јасно наведена во e-mail порака испратена на support@poklon.mk, по писмен пат, СМС или повратен телефонски повик преку потврда од страна на СИГМА Медиа Дооел од податоците наведени при регистрација.

СИГМА Медиа Дооел Скопје (www.poklon.mk) секогаш е и ќе биде на страната на своите корисници при напорите за надминување на сите евентуални предизвици при испорака на нарачан производ или услуга од нашата Веб страна настанати од било која причина.

Основни податоци за компанијата