Внесете празнична магија и радост со нашата уникатна новогодишна торбичка со печат по ваша желба. Во Poklon.mk изработуваме прекрасни празнични торбички кои се совршени за новогодишни пакетчиња, подароци под елката и зимски изненадувања за најмалите и најблиските.
Можете да изберете некој од нашите весели новогодишни мотиви со Дедо Мраз, ирваси, снешко или елка, а ние бесплатно ќе го додадеме името на детето или вашата лична празнична порака. Исто така, можеме да отпечатиме и ваш сопствен дизајн или лого од вашата компанија.
Торбичката е изработена од квалитетен, цврст и лесен материјал кој овозможува повеќекратна употреба. Користиме современа технологија за дигитален печат која гарантира живи бои, остри детали и трајност без избледување. Секоја новогодишна торбичка се изработува специјално по ваша нарачка и внимателно се проверува пред испраќање. Нарачајте лесно онлајн со брза карго достава низ цела Македонија.
| Боја | бела, црвена |
|---|


Критики
Нема критики сеуште.